Јаневска: Отворени сме за дијалог со СОНК
Ќе разговараме со сите социјални партнери и секако дека ќе бараме начин да ги измотивираме наставниците на сите можни начини, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска, која по посетата на Штип одговараше на прашањето дека од Синдикатот за образование и наука (СОНК) велат дека по Закон на наставниците им следува 12 проценти зголемување на платите, оставаат простор за дијалог до 15 септември.
-Ние сме отворени за разговор и дијалог. Јас уште еднаш велам, мора реално да ја согледаме можноста, повторувам, сите вие знаете каква девастирана држава наследивме не само во образованието. Ние сега треба да го спречиме слободниот пад на државата, да ја стабилизираме, да го придвижиме кон нулата и од тука да почнеме да градиме нанапред. Со сите мои сили образложувам зошто е потребно, грчовито се борам и ќе се борам, но реалните можности се реални. Доколку изнајдеме некое решение кое не зависи само од министерот за образование и нашите желби, доколку се отвори некоја можност, се доаѓа во обѕир. Но, во овој момент јас таа можност не ја гледам, изјави Јаневска.
Министерката истакна дека наставниците не се депримирани само поради средствата со кои се покрива нивниот труд, туку, како што вели, има и многу други елементи кои ги вознемируваат и ги прават незадоволни, меѓу кои се почитта од страна на родителите, учениците, општеството итн.
Што се однесува за недостиг на наставници по математика, хемија, биологија, историја, македонски јазик, министерката Јаневска рече дека државата ќе ги стипендира студентите кои ќе се запишат на овие факултети и ќе ги користи сите механизми за да го привлече овој кадар да работи во училиштата. Посочи дека проблемот е комплексен, бидејќи во одредени општини има вишок на наставници, а во одредени има недостиг. Вишокот на наставници се појавува поради „белата чума“ односно иселување на младите од државата, рече Јаневска, посочувајќи дека „тоа се гледа и низ бројот на намалени ученици и првачиња во земјава“. Од тие причини, рече, се воведува и едносменско работење на училиштата. Според Јаневска, веќе 142 училишта во земјава можат да воведат едносменско работење.
- Бројот се приближува на 142, расте секојдневно, но ние исто така преземаме големи напори во догледно релативно брзо време да прошириме одреден број на училиштата, некаде со доградба на училници, според пријавувањето на училиштата колку им се потребни. Но, за жал, има општини, главно се тоа скопските општини, каде што ќе треба да се градат училишта и тоа ќе го преземеме и ќе го направиме, изјави Јаневска.
Прашана за ревизијата на работењето на универзитетите во земјава, Јаневски одговори дека е почната на неколку универзитети.
-Неколку од нив конечно се снајдоа со колективните договори мислејќи дека ние можеби ќе се откажеме. Не, не се откажуваме, завршија одморите и продолжува ревизијата. Формирани се комисии во МОН кои исто така ќе се појават да проверат одредени услови и конечно оваа година, после ребалансот, успеавме да одвоиме средства за да направиме неколку евалуации во неколку универзитети, затоа што претходно за такво нешто воопшто немаше предвидено средства. Процесот продолжува, рече Јаневска.
Министерката за образование и наука денеска во Штип оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, и со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски. На средбата разговарале за унапредување на дуалното образование во средните стручни училишта, но и воведување ваково образование и за студентите на универзитетите во земјава.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион