Јанева објави список со 14 кандидати за помошници
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го објави списокот со 14 кандидати за нејзини помошници.
На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.
Кандидатите во најголем дел се од Куманово, Тетово и Скопје, а еден е од Обвинителството за организиран криминал.
Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители на Македонија.
Преставувајќи го својот избор Јанева денеска изрази надеж дека тие брзо ќе бидат прифатени од Советот на јавни обвинители на Македонија за да можат успешно да работат.
- Се работи за вкупно 14 јавни обвинители заедно со мене 15. Во конкретниот случај се работи за истакнати професионалци кои уживаат доверба и висока репутација. Бројот на јавни обвинители кој е предложен е неопходен за успешно работење на специјалното јавно обвинителство, изјави Јанева.
Очекувам, рече Јанева, дека Советот на јавни обвинители имајќи ги предвид кратките временски рокови за формирање на тимот во Специјалното јавно обвинителство ќе ја потврди довербата во предложените јавни обвинители.
Специјалната јавна обвинителка и тимот ќе ги разгледуваат предметите кои ќе произлезат од и се поврзани со незаконското прислушување.
Ново на Сител
-
УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори
-
Кривична пријава поради несовесно работење во службата
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло