Јанчев: Бесплатен оброк за ученици од прво до петто одделение и од септември
Проектот „Бесплатен оброк за секое дете“, што ги опфаќа учениците од прво до петто одделение во сите основни општински и подрачни училишта, продолжува и следнава учебна година, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
-Општина Кавадарци е прва општина во Република Македонија која реализираше ваков проект. Успешно имплементиран и од почетокот на новата учебна година сѐ до крајот, се реализираше согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците. Со овој проект, опфатени се вкупно 1.810 ученици од прво до петтто одделение. Менито е нутриционистички изготвено и вклучуваше разновидна храна, пијалак и овошје, а сумата изнесува 19.499.130 денари, од кои се истрошени 18.268.798 денари, појасни Јанчев.
Проектот, како што додаде градоначалникот, има за цел да им се олесни финансиски на родителите, како и правилна и навремена исхрана за развој на децата.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига
-
Трајковски пред дуелите со Белгија и Казахстан: Сите ќе мораме да го дадеме максимумот
-
ТФТ се избори за четврти натпревар во финалната серија против МЗТ Скопје Аеродром
-
Вработување на 400 пожарникари за превенција од шумските пожари во летниот период во рамки на Оперативниот план за 2025 година
-
Апелацискиот суд на САД привремено ги врати царините на Трамп
-
Миланов назначен за делегат на состанокот на Генералното Собрание на WOAH
-
Во недела „ПетФест“ во Паркот на Франкофонијата
-
Мицкоски во Будимпешта на СРАС конференција и на средба со Виктор Орбан