Македонија
24. January 2022 - 16:34

Јанакиевски го помина рочиштето на нога, одбраната тврди дека не може да присуствува

На штаки и со полициска придружба, Јанакиески дојде на судењето за „Топлик“. Поради повреда на ногата и направена операција, биле одложени неколку рочишта, па судијата Осман Шабани побарал за денешното судење, екс министерот да биде донесен со полиција.

Судењето за проектот „Сончев град“, Јанакиески го следеше од среде судница поради неможноста да седи во обвинителната клупа. Според медицинското вештачење доставено до судот, тој бил се уште во фаза на рехабилитација, па за неговата одбрана, преседан е барањето Јанакиески да седи во судница.

„Јас сум повеќе од 35 години во адвокатурата. Да биде спроведен во ваква здравствена состојба, со ваква операција, со мислење од вешто лице од одбраната, дека било какво донесување, движење на обвинетиот, може да доведе до сериозни последици по неговото здравје, навистина не би го коментирал. Вакво нешто ниту се случило, а се надевам дека нема ни да се случува понатаму“, изјави Еленко Миланов, Адвокат.

По барање на судиите, Јанакиески веќе во среда повторно ќе треба да дојде во судницата на третиот кат на рочиште за случајот „ТНТ“.

Денеска пак продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ - прво откако Мијалков и Камчев беа ослободени од притвор.