Македонија
20. March 2024 - 16:43

Јакимовски со кривична пријава бара да се открие коj стои зад неговото ставање на црната листа

Два дена откако се најде на црната листа на САД, Стевчо Јакимовски поднесе кривична пријава против непознат сторител. Вели не може да се помири со тоа дека се наоѓа на иста листа со Осама бин Ладен и припадници на ИСИС. Сепак на прашањето кого обвинува, Јакимовски нема конкретен одговор, наброја од странски разузнавачки служби, кодоши, невладини и поединици кои работат против интересите на државата.

Свесен дека САД се стратешки парнери на државата, Јакимовски вели дека ако победи на претседателските избори ќе се залага за промена на нивните политики кон Македонија.

Црната листа на САД и денеска е тема за меѓупартиски обвинувања. СДСМ преку писмено соопштение ја повикуваат опозицијата да не го кочи носењето на Законот за рестриктивни мерки

Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот. Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат, се вели во соопштението на СДСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ пак возвраќаат дека црната листа докажува дека власта е во коалиција со криминалците.

Ова е доказ дека институциите во Македонија не функционираат и корупцијата и криминалот метастазираат, посочува опоцизијата.