Јакимовски се сретна со претставници на урбаните заедници во Карпош
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска се сретна со раководниот тим на локалната самоуправа и со претставниците на урбаните заедници.
- Идниот период со јавните претпријатија на Град Скопје, „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, Јавното сообраќајно претпријатие“ и „Комунална хигиена“ максимално ќе работиме. Општина Карпош во континуитет, со сопствени средства, се грижи за чистотата и хигиената на територијата на локалната самоуправа, како и за заштита на постојното, односно за посадување ново зеленило, рече Јакимовски.
Тој истакна дека редовно засадуваат нови дрвја и садници, ги уредуваат жардиниерите долж главните булевари кои транзитираат низ општината. Во соработка со овие јавни претпријатија, како што рече, уште повеќе ќе ја подобриме нашата ефикасност на теренот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток