Македонија
7. February 2022 - 14:21

Јакимовски ја потпиша Декларацијата за унапредување на женското претприемништво

 Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска во одржа информативен состанок со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска.

Како што информираат од општината, градоначалникот подетално се запознал со долгорочните цели и планирањето на претстојните активности, кон кои се стремат претставничките на оваа платформа.

-По тој повод, Јакимовски ја потпиша и Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која треба да резултира со економско и социјално јакнење, во рамки на локалната самоуправа и целокупното општество, се наведува во соопштението.

Националната платформа за женско претприемништво е воспоставена преку проект кој е кофинансиран од ЕУ, а го спроведува Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Од здружението напоменуваат дека нивните заложби се насочени кон обезбедување на системска поддршка за развој на женското претприемништво, преку креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој.