„Јаху“ намалува 1.500 работни места
Американската Интернет компанија „Јаху“ ќе го намали бројот на вработени за 15 отсто, односно приближно 1.500 работни позиции.
Компанијата посочи дека поголемиот дел од намалувањата ќе бидат извршени во првото тримесечје од оваа година. Компанијата поставува за цел до крајот на годината да располага со 9.000 службеници со целосно работно време и под 1.000 вработени со половина работно време.
На крајот на септември во „Јаху“ работеа 10.700 службеници со цело работно времо и околу 800 хонорарци.
Компанијата објави дека сака да ги концентрира производите врз три големи платформи - „Јаху срч“, „Јаху мејл“ и „Тумблир“ и врз четири големи теми - вести, спорт, финансии и лајфстајл.
Приоритетни ќе бидат растечки пазари како САД, Канада, Велика Британија, Германија, Хонг Конг и Тајван. Компанијата ќе ги затвори канцелариите во Дубаи, Мексико, Буенос Аирес, Мадрид и Милано.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија