Loading Video...
Спорт плус
5. October 2022 - 18:18

Јадранка Темелкова обезбеди бронза на СП во кик-бокс, утре ќе се бори за финале

 
На Светското првенство во кик-бокс, за кадети и јуниори. што се одржува во италијанскиот град Лидо Диесело, Македонија веќе обезбеди еден медал. 
 
За тоа се погрижи нашата јуниорка Јадранка Темелкова која настапува во категоријата до 56 килограми лоу-кик. 
 
Темелкова доминантно без загубен поен со 3-0 во четвртфиналната рунда ја победи хрватската претставничка Николе Булјан со што обезбеди пласман во полуфиналето, а со тоа и најмалку бронзен медал. 
 
- Таа е голема надеж во кикбоксот. Таа е пример како да се следат советите на тренерите во текот на борбата. Тоа повеќе од сигурно носи и резултати, вели  селекторот Дејан Митровски – Урко.
 
Темелкова утре ќе се бори за влез во финалето, а противничка ќе и биде врсничка од Босна и Херцеговина, Канита Муминовиќ