Јадете го ова и кажете му збогум на целулитот
Целулитот е еден од најголемите непријатели на женското тело. Но, ако внимавате на исхраната, вежбате и редовно консумирате од овие намирници ќе заборавите дека некогаш сте го имале.
Не се изгладнувајте, туку консумирајте го следново:
Лосос
Слободно уживајте во вкусот на здравиот лосос и не дозволувајте да ве плашат приказните за тоа дека тој е преполн со маснотии. Точно е дека лососот има масти, но тие се здрави и ќе ви помогнат да ослабете и да го отстраните целулитот.
Чили пиперки
Ако сакате лута храна, тогаш во вашето дневно мени додајте ги и црвените, чили пиперки. Овие пиперки го забрзуваат метаболизмот и се полни со витаминот Б6. Токму овој витамин е важен кога станува збор за отстранување на целулитот, бидејќи помага во зајакнување и обновување на сврзаното ткиво.
Боровинки
Боровинките се вкусни и здрави, но и го подобруваат квалитетот на кожата. Тие содржат и силни антиоксиданси кои помагаат во согорување на мастите поврзани со поткожното ткиво.
Јаболков оцет
Сигурно до сега сте слушнале за диетата со јаболков оцет, која е доста делотворна и при слабеење, но и во борбата против целулитот. Благодарение на високата концентрација на магнезиум, калциум и калиум, овој оцет помага во детоксикација и исфрлање на вишокот течности.
Црна чоколада
Ова слатко задоволство е одличен сојузник во борбата против целулитот. Природното какaо е преполно со антиоксиданси, кои ги разградуваат маснотиите и ја подобруваат функцијата на сите ќелии во организмот, дури и оние кои ја градат кожата.
Ново на Сител
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца