Јацењук по поднесената оставка разговараше со Бајден
Американскиот потпретседател Џозеф Бајден разговараше со украинскиот премиер Арсениј Јацењук, кој вчера понуди оставка на функцијата, за важноста од продолжување на економските рефероми и чекорите кон енергетска независност што ги презеде Киев, информира Белата куќа.
Бајден и Јацењук нагласиле дека тоа се „промени што мора да бидат неповратни“ и дека продолжувањето на напредокот е важно за обезбедување на просперитетната иднина на народот на Украина, наведе Белата куќа во соопштение, пренесено од британските медиуми.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук претходно вчера понуди оставка која во вторник официјално ќе ја поднесе во Парламентот.
- Донесов одлука да поднесам оставка на местото премиер на Украина. Во вторник, на 12 април, оставката ќе ја поднесам во Парламентот, рече Јацењук во една телевизиска емисија.
- Мојата одлука е темелена на неколку причини: вештачки предизвиканата политичка криза во Владата, желбата да се смени една личност ги заслепи политичарите и ја парализира нивната волја да донесат вистински промени во земјата, рече Јацењук.
Тој додаде дека неговата партија е посветена на коалицијата и за негов наследник на премиерската функција го сугерираше името на Владимир Гројсман, претседателот на Парламентот и близок соработник на претседателот Петро Порошенко.
- Не можеме да дозволиме дестабилизација на извршната власт во текот на војна, а тоа би било неизбежно доколку после оваа оставка веднаш не се избере новата Влада на Украина, рече Јацењук.
Ново на Сител
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини
-
Меморандум за соработка потпишаа директорот на АД ЕСМ и деканот на ФИНКИ
-
Продолжен рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање 400 пожарникари
-
МОН: Студентските домови етапно се реконструираат, студентскиот стандард значително се подобрува
-
Приведен 44-годишен кумановец, се заканувал на полициски службеници и носел остар предмет
-
65-годишна жена измамена преку социјална мрежа за сума од 6.700 евра
-
До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените
-
68-годишник од Скопје измамен од женско лице за сума од 48.875 денари