Свет
19. January 2018 - 10:56

Ја слушна богојавленската литургија па нурна во ледената вода: Вака Путин заплива по чесниот крст

Портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател учествувал во богојавленското капење, нуркајќи во ледената водат на езерото.

-По повод празникот Богојавление Путин отслуша дел од литургијата и учествуваше во богојавленското капење во езерото Селигер, изјави Песков.

Тој додаде дека Путин отишол во Тверската област, каде го посетил машкиот манастир Нило-Столбенска пустина.

Песков додаде дека ова не е прв пат рускиот лидер да учествува во богојавленоското капење.