ОН ја повикаа Австралија да се откаже од јагленот во енергетиката
Специјалниот советник на ОН за климатските промени Селвин Харт ја повика австралиската влада да ги засили напорите за постепено укинување на јагленот, во спротивно климатските промени драстично ќе ја оштетат економијата на земјата.
Потпирањето на Австралија на енергија од јаглен ја прави една од најголемите емитувачи на јаглерод во светот по глава на жител, но нејзината конзервативна влада постојано ја поддржува индустријата за фосилни горива, велејќи дека построгите чекори во однос на емисиите ќе чинат работни места.
– Ние целосно ја разбираме улогата што јагленот и другите фосилни горива ја одиграа во економијата на Австралија, иако рударската индустрија учествува со мал дел – околу два проценти од вкупните работни места, рече Харт во говор пред австралискиот Национален универзитет во Канбера.
– Но, од суштинско значење е да имаме поширок, поискрен и рационален разговор за тоа што е во интерес на Австралија, додаде тој.
ОН повикаа на постепено укинување на јагленот до 2030 година во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), вклучително и Австралија.
Во јули, министрите за енергетика и животна средина на Г20 не постигнаа договор за постепено исфрлање на јагленот до 2025 година. Но, некои експерти велат дека постои шанса за напредок за време на климатските разговори на ОН во Глазгов во ноември.
Австралискиот премиер Скот Морисон рече дека Австралија е на пат кон нето нулта емисија на јаглерод, но не се обврзала да поднесе план и распоред. Тој рече дека Австралија ќе ги ажурира своите прогнози за емисија на штетни гасови во 2030 година пред преговорите во Глазгов.
Повеќето други развиени земји потпишаа цел за нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.
Харт рече дека австралиската Влада мора „да го искористи моментот“ и да премине на обновливи извори.
– Ако светот набргу не се откаже од јагленот, климатските промени ќе направат хаос врз целата австралиска економија: од земјоделство до туризам и целиот сектор на услуги, рече тој.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот