Ја навредувале поради физичкиот изглед, па вложила 50.000 швајцарски франци во пластични операции
Девојка која во младоста била злоставувана го променила целосно својот физички изглед до непрепознатливост, вложила 50.000 швајцарски франци во пластични операции, пишува Деили Меил.
Станала Инстаграм ѕвезда, а вели дека на овој драстичен чекор ја навела тешката младост низ која е нарекувана грда и непривлечна.
Тврди дека неколку пати била приморана да глуми дека е болна за да не излегува и не се соочува со навредите.
Парите за операциите ги собрала работејќи како фризерка, а тврди дека операциите и помогнале да се чувствува среќно во својата кожа.
Од септември 2013 извршила 3 операции за зголемување на градите, корекција на носот, усните и брадата во вкупна вредност од 50.000 швајцарски франци.
На Инстаграм има повеќе од 43.000 следбеници од кои секојдневно добива пофалби за својот изглед.
"Бев среќна но незадоволна од својот изглед. Луѓето ми судеа на основа на тоа дека не сум убава, и тоа ме претвори во тажна личност", кажала таа и додала дека сака само да биде среќна.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени