Извршена прелиминарна распределба на автобуски линии
Министерството за транспорт и врски денеска изврши прелиминарна распределба на нови или за промена на постоечки автобуски линии за 2017 година.
Врз основа на прелиминарната распределба, од вкупно поднесените 27 апликации за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 14, една е делумно одобрена, а 12 се одбиени. За меѓународен превоз на патници, пак, од доставените 51 апликација се одобрени 28, три се делумно одобрени, а 20 се одбиени.
- Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и подзаконските акти, се вели во сооопштението од Министерството за транспорт и врски.
Целосните информации за прелиминарната распределна на линиите се достапни на веб страната на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk.
Ново на Сител
-
Рекорднo намалување на бројот на склучени бракови минатата година во Кина
-
Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб
-
Официјално пуштена во употреба компресорската станица за хируршките клиники
-
„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени
-
Девојка прегазена на пешачки премин во Штип
-
Опожарени два контејнера во Серава
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар