Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска извршило исплата на субвенции од тековната 2024 година.
Извршена е исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози, кои произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците јануари, февруари, март, април, мај и јуни 2024 година.
- Исто така се изврши исплата на средства во износ од 83.451.028,00 денари на 10.727 земјоделци за мерката 1.4 директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство и цвеќе на отворено и во пластеници од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопштија од МЗШВ.
Како што се додава во соопштението, грижата за земјоделците се покажа на дело преку исплата на сите заостанати субвенции од изминатите години, а со несмален интензитет ги исплаќаме и тековните субвенции за 2024 година.
Ново на Сител
-
Бадникова поворка во понеделник во Кавадарци
-
Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Мегваер до 2026 година
-
Агелер: Доказите за поранешниот вицепремиер Груби се на дофат на македонските власти
-
Тошковски со извинување до велешани за затворањето на мостот во Башино село , вели полицијата ќе обезбеди проток на сообраќајот
-
Од сабота до вторник ЈСП со неделен возен ред
-
Пронајдено телото на мажот кој настрада во синоќешната несреќа кај Рашче
-
15-годишен дилер од Скопје добил кривична пријава
-
Кривична за двајца скопјани за обид на убиство и помагање