Извршена е дезинфекција во Битола и Штип за време на полицискиот час
Екипи на Територијалната противпожарна единица, комуналното претпријатие „Исар“ и на приватни фирми вршат дезинфекција на улиците низ градот Штип. Градоначалникот Благој Бочварски вели дека дезинфекцијата се врши со четири возила и ќе продолжи и утре односно додека трае викендов полицискиот час.
На веб-страницата на Општина Штип може да се видат и телефонските броеви на супермаркетите кои вршат достава на намирници до граѓаните, а една такси-компанија се има пријавено за превоз на патници. Осум ресторани и пицерии вршат достава на храна за граѓаните. На веб-страницата се наведени телефонските броеви на кои граѓаните можат да се јават.
Мобилните тимови на Општина Штип заедно со волонтерите на Црвен крст Штип вршат достава на намирници за старите и изнемоштени лица. Досега од нив помош побарале над сто граѓани. Во Битола заврши масовната акција за дезинфицирање на улиците и јавните прометни површини на подрачјето на Општина Битола.
Општинскиот кризен штаб информира дека во акцијата од 7 до 17 часот дезинфицирани се најфреквентните улици во градот, но и населени места на Општина Битола.
-Акцијата ја координираа екипи на ЈП „Комуналец“, а во акцијата се вклучија и ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“, ЈП „Паркинзи“, Територијалната противпожарна служба, екипи на ЕСМ-РЕК Битола, ЈП „Стрежево“, приватните компании „Зимак“, „Стентон градба“, ЗИК „Пелагонија“ како и волонтери од руралните средини. Во акцијата беа вклучени пет цистерни, 22 трактори, една метларка, 50 рачни пумпи и останати возила за логистика. Според претходно подготвениот оперативен план, градот беше поделен на 27 реони и сите се дезинфицирани, информираа од Општина Битола.
Според соопштението за јавност, во акцијата посебен акцент бил ставен за во Широк Сокак и дворот на Клиничката болница, а дезинфекција е извршена и на урбаната опрема – клупи, детски и спортски реквизити, корпи за отпадоци и патеките до влезовите на зградите за колективно домување.
-Дезинфекција е извршена и во руралните средини, а според оперативниот план и на предлог на градоначалничката Наташа Петровска, акцијата ќе продолжи и во наредните денови, посочија од општинскиот кризен штаб во Битола.
Ново на Сител
-
Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
-
Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет
-
Сите биле присутни, а пукал Палевски: Маневски посочил каде е закопано телото на Панче
-
„Тука е девојчето кое го барате“ - Кешишев под притисок признал каде е телото на Вања
-
Кражба во викендица во Маврово - приведен 54-годишник од Гостивар
-
До крајот на годинава ќе нема дополнителен час евтина дневна тарифа, не се очекуваат драстични промени на цената на струјата
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
Кривична пријава против скопјанец осомничен за сторени две кривични дела