Извршен увид, во несреќата во Илинден загина 14-годишно девојче
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на МВР и обдуцент од Институтот за судска медицина изврши увид на лице место на железничка станица во општина Илинден, каде според првичните сознанија, како последица на струен удар починало 14-годишно девојче.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првичните информации упатуваат на тоа дека несреќата се случила кога девојчето со уште две други деца си играло околу паркираните вагони, при што во еден момент се качило на еден од вагоните и се допрело до жиците за струја под висок напон. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото девојче.
Со двете малолетни лица – сведоци на настанот е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан.
Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во населбата Илинден на железничка станица-складиште има почината малолетничка.
Од МВР наведуваат дека на местото на настанот починала малолетничката, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата малолетничка било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Ново на Сител
-
Протести за загадувањето од Вардариште
-
ЦУК: Вкупно 17 пожари на отворен простор, два се активни, четри под контрола, а 11 се изгаснати
-
Милевски: Саудиска Арабија е предизвик за сите наши играчи
-
Кривична за шест вработени во ЈП „Национални Шуми“, го оштетиле буџетот на претпријатието за 170.000 евра
-
Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага
-
Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО