-->
-->
Извршен претрес во Шишево, пронајдена дрога
-->
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија утринава во селото Шишево, скопско, врз основа на судска наредба извршиле претрес во домот на С.Т.(25). При претресот била пронајдена и одземена марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
Како што информираат од МВР, С.Т. бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->