Извозот за четири месеци над две милијарди долари, раст од 6,8 отсто
Извозот на стоки од земјава во првите четири месеци од годинава бележи раст од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Вредноста на извезената стока изнесува 2.335.520 илјади американски долари, а вредноста на увезената стока 3.111.373 илјади американски долари.
Увозот во првите четири месеци од годинава во однос на тој период лани бележи пораст од 5,1 отсто.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2019 година, изнесува 775.853 илјади американски долари, покриеноста на увозот со извоз изнесува 75,1 отсто.
Од земјава во овој период најмногу се извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).
Во увозот, пак, најзастапени биле платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Земјава најмногу во овие месеци тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.
Ново на Сител
-
Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија
-
Три лица загинаа во пожарите во Португалија
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд
-
Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси
-
Дел од општина Центар утре без вода
-
САД со санкции против конзорциумот Intellexa кој продавал шпионска технологија на авторитарните режими
-
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота, усно изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол и побарано дополнително објаснување