Израелските војници елиминираа Палестинец во Западен Брег
Израелски војници денеска убија Палестинец во окупираниот Западен Брег.
Според израелската армија војниците во близина на Рамала го запреле автомобилот на Палестинецот за контрола, а тој фрлил рачна бомба и пукал врз нив, поради што бил елиминиран.
Минатата недела беше завршена големата израелска воена офанзива во Западен Брег, при што беа употребени беспилотни летала и стотици војници вклучени во битка со екстремистите.
Тоа доведе до крвопролевање, вклучително и вооружен напад на Палестинец во кој загина израелски војник.
Двајца екстремисти беа убиени во рација на израелската армија, а третиот Палестинец беше убиен подоцна истиот ден во централниот дел на Западниот Брег.
Рациите на израелската армија во палестинските области станаа почести во пролетта 2022 година како одговор на бранот палестински напади врз Израелците, а насилството се интензивираше годинава кога повеќе од 150 Палестинци беа убиени од израелски оган и 26 Израелци во палестински напади.
Израел ги освои Западниот Брег, Појасот Газа и Источен Ерусалим во војната во 1967 година. Палестинците се стремат да основаат независна држава на тие територии.
Ново на Сител
-
Плинска боца експлодирала во стан во Штип, повредена сопственичката
-
Скопјанка измамена за сума од 17.300 евра откако на телефон и јавиле дека нејзината внука направила сообраќајка
-
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на атлетска трка
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во јужна Франција
-
СДСМ: Вистината за „Онкологија“ излезе на виделина
-
Наставник во средно училиште во Чаир нападнат од свој поранешен ученик
-
Тетовчанец, управител на приватна фирма, измамен за сума од 145.360 долари
-
Потешкотии во мобилната телефонија на А1