Израелскиот Кнесет го зголеми потребното мнозинство за отстапување делови од Ерусалим
Израелскиот Парламент денеска усвои закон со кој се предвидува дека кој било предлог со кој делови од светиот град Ерусалим би и се отстапиле на друга странска држава, ќе мора да биде одобрен со двотретинско мнозинство.
Предлогот беше усвоен со 64 гласа за и 52 против во Кнесетот, во кој има вкупно 120 пратеници.
Усвојувањето на законот доаѓа набргу по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и да ја премести америакнската Амбасада таму, на што поголем број главно муслимански држави возвратија со најава дека ќе отворат амбасади на палестинската држава во источниот дел на градот.
Тој дел на Ерусалим главно е населен со Палестинци, а таму се наоѓаат и најважните светилишта, како што е Ридот на храмот на кралот Соломон, односно џамијата Ал Акса.
Во мировните преговори меѓу Палестинците и Израел, палестинската страна бара да и припадне источниот дел на Ерусалим и да биде главен град на идната палестинска држава.
Со законот што беше усвоен во израелскиот Парламент, две главно палестински населби кои се наоѓаат во најисточните делови на градот се издвојуваат од административната целина на Ерусалим.
Законот беше поддржан пред се од владејачката коалиција предводена од конзервативната партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Некои од опозициските пратеници обвинија дека со законот може да се изврши протерување на Палестинци од Ерусалим и ќе се намали можноста за мировен договор.
Ново на Сител
-
Ратификацијата на договорот со Британија пред пратениците
-
Изборот на гувернер заглави во Собранието
-
Владата донесе оперативен план за вработување кој опфаќа 16.000 граѓани, повеќето млади до 29 години
-
Сител во Естонија: Почна 11 конференција за е-управување
-
Проширена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Починато бебе однесено во струшката болница
-
Ѓурчевски: Шефовите на клановите дури се живи даваат наредби, независно дали се во затвор или во бегство
-
ЕУ извештај во кој се признаваат македонскиот јазик и идентитет