Свет
14. December 2015 - 8:22

Израелски воени авиони нападнаа цели во Појасот Газа како одговор на ракетен напад

Израелски воени авиони извршија два удара врз цели во Појасот Газа како одговор на испукувањето ракета од енклавата кон Израел.

Според Хамас, еден од нападите бил насочен кон пункт на воена полиција на палестинското движење во северниот дел од Газа, а другиот врз тренинг-камп на вооруженото крило на организацијата во централниот дел од Газа.

Нема информации за палестински жртви или материјална штета. Ударите се одговор на ракетен напад извршен претходно од Газа кон Израел. Никој не презеде одговорност за нападот. Нема информации за жртви или материјална штета на израелска територија.