Свет
26. July 2016 - 8:50

Израелски авиони извршиле напад врз станбена зграда во сириската Голанска Висорамнина

Израелски разузнавачки авиони извршиле ракетен напад врз станбена зграда во населеното место Бас, во сириската Голанска Висорамнина, во близина на границата со Израел, соопшти вчера сириската армија.

Во соопштението се наведува дека ракетните напади врз населеното место, кое е под контроа на владините сили предизвикале материјална штета.

Целта на ракетните напади, се додава во соопштението, е „да се подигне духот на терористичките групи, поддржани од Израел по загубите, кои ги претрпеле од сириската армија“.

Израелската армија соопшти дека нејзини авиони одговориле на минофрлачки оган од Сирија.