Израелска армија: Во Газа неутрализирани воените команданти на Исламски џихад
– Главните воени команданти на Исламскиот џихад во Газа се неутрализирани во последните два дена во воздушните напади на израелската армија врз вооружената палестинска група, соопшти синоќа израелската армија.
„Раководството на военото крило на Исламскиот џихад во Газа е неутрализирано“, рече Одед Басиок, шеф на одделот за воени операции на еврејската држава, во соопштение испратено до АФП, пренесува Хина.
Во израелската операција во Газа, според властите на палестинската енклава, загинале повеќе од 20 лица, меѓу кои шест деца.
Овој нов конфликт меѓу израелската армија и вооружените групи во Газа, кој започна во петокот, е најлош од мај 2021 година. Израелските власти тврдат дека неколку палестински деца загинале синоќа во Џабалија, на север, од залутана ракета истрелана од Исламскиот џихад, а не од војската.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја
-
Министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат за помошта за Украина и одбранбената индустрија
-
Прва седница на новиот парламент во Техеран по смртта на претседателот на Иран
-
Советот за безбедност на ОН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафа