Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
Израелската армија официјално потврди дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, бил убиен во израелски воздушен напад во петокот во Бејрут.
„Хасан Насралах е ликвидиран на 27 септември во воздушен напад на Бејрут“, се вели во соопштението.
Вчерашните израелски воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут беа насочени кон командниот центар на Хезболах.
Во соопштението на ИДФ се наведува дека покрај Насралах, убиен е и командантот на Јужниот фронт на Хезболах, Али Караки, како и други команданти на таа група.
Насралах бил цел на напад додека бил во централниот штаб на Хезболах во јужното предградие на Бејрут, познато како Дахије. Според ИДФ, штабот на Хезболах е под земја, скриен под станбените згради во таа населба.
„Нападот беше извршен додека во штабот беа највисоките функционери на Хезболах кои подготвуваа и координираа терористички активности против граѓаните на Израел“, се додава во соопштението на израелската армија.
Како што е наведено, по прецизни разузнавачки информации од војската и безбедносните служби, борците на ИДФ извршиле напад врз централниот штаб на Хезболах.
Според израелската војска, Насралах е одговорен за убиството на многу израелски војници и цивили, како и за планирање и извршување илјадници терористички активности.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот