Свет
24. April 2017 - 12:15

Израел со сирени им одаде почит на жртвите од Холокаустот

Со звуците на сирените Израелците денеска застнаа на миг да им одадат почит на милионите еврејски жртви на Холокаустот во текот на Втората светска војна.

Двеминутниот звук на сирените е централниот настан во текот на годишното одбележување на Денот на сеќавањата на Холокаустот во текот на Втората светска војна. Граѓаните застанаа на улиците и излегоа од автомобилите и со наведнати глави им одадоа почит на жртвите.

Ова е еден од најтажните денови во земјата, кога во училиштата и локалните центри се оддржуваат свечени церемонии. Кафулињата и сите места за забава се затворени, додека телевизиските и радио станиците емитуваат документарни програми за Холокаустот, во кој во текот на Втората светска војна беа убиени шест милиони Еевреи.