Свет
20. March 2017 - 11:19

Израел се закани дека ќе ја уништи сириската противвоздушна одбрана

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ја предупреди Сирија дека Израел ќе го уништи нејзиниот систем за противвоздушна одбрана, доколку Дамаск повторно истрела противавионска ракета врз израелски авион.

- Следниот пат кога Сиријците ќе ги употребат своите системи за противвоздушна одбрана врз нашите авиони, ние без размислување ќе ги уништиме сите, изтакна Либерман. 

Оваа закана следи откако Сирија истрела противавионска ракета врз израелски авиони во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Сириската армија соопшти дека авионите гаѓале воена локација во близина на Палмира, додека Израел тврди дека нивна цел биле пратки со оружје наменети за Хезболах.