-->
-->
Израел почна со градба на подземен тунел во Појасот Газа
-->
Израел почна да гради подземен ѕид околу Појасот Газа за да спречи Хамас да копа тунели, објавија израелски медиуми.
– Изградбата почна долж сите градови за кои се смета дека се наоѓаат до границата со Газа, објави сајтот Ynet. Сајтот објави и видео материјал на кои се гледа тешка машинерија како извршува работи долж границата.
Израелското МО наводно планира да изгради подземен ѕид околу Газа за да спречи Хамас да градат тунели до територија на Израел, но Владата во Тел Авив тоа не го потврди ниту демантира, јавуваат западни медиуми.
Сајтот Ynet објави дека оградата ќе има сензори што ќе може да откријат кога се вршат ископи. Ѕидот е планирано да биде долг 60 км.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод 23 септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик
-
Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети
-
Пронајдено досега непознато дело на Моцарт
-
Халанд го постигнува својот 100. гол за Манчестер сити
-
Шкупи со убедлив триумф против шампионот Струга ТЛ
-
Бајден: Ќе направиме се што можеме за да се избегне проширување на конфликтот на Блискиот Исток
-
Земјотрес со епицентар во подрачјето на Скопје
-
Оваа недела се очекуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа