Свет
7. May 2018 - 20:29

Израел: Парагвај ќе ја премести Амбасадата во Ерусалим

 Парагвај до крајот на месецот ќе ја премести Амбасадата во Ерусалим, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

- Парагвајскиот претседател Орасио Картес планира да дојде во Израел кон крајот на месецот, за да ја отвори Амбасадата во Ерусалим, изјави портпарол на израелското МНР.

Парагвајското Министерство за надворешни работи соопшти дека таква одлука се уште не е донесена.

Одлуки за дислоцирање на амбасадите веќе донесоа САД и Гватемала