Loading Video...
Свет
17. May 2021 - 16:34

Израел не попушта - жестоко удира во појасот Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика да се воведат  меѓународни санкции против Израел за како што потенцира  да престане масакрот врз Палестинците.

Тој веќе неколку дена води разговори со странски лидери во обидите да се запре големата израелска офанзива  на појасот Газа. 

Израелскиот палестинскиот конфликт влезе во втора недела а според изјавата на изарелскиот премиер ударите во Газа ке продолжат се додека палестинското радикално движење Хамас не ја плати цената за истреланите ракети и за загинатите израелци. 1

5 километри долгите тунели на милитантите наречени „подземна железница“ и девет домови на командите на Хамас беа уништени во утринските ракетни израелски напади.

Убиен бил и висок командат на Хамас.