Израел ја објави владината одлука за договорот за заложниците
Израелската влада ја објави одлуката а кабинетот да обезбеди ослободување на околу 50 заложници меѓу приближно 240 кои беа киднапирани за време на нападот на Хамас на 7 октомври.
Одлуката ја поставува рамката за договорот одобрен од владата и вклучува три анекси: препорака од советникот за национална безбедност Цачи Ханегби; доверлив документ кој беше претставен во кабинетот, но не беше објавен, и список од 300 палестински затвореници кои се подобни за ослободување согласно договорот.
Според одлуката, сите 300 палестински затвореници ќе бидат ослободени само под услов 100 живи заложници – израелски државјани или израелски жители – да бидат ослободени од Газа и вратени во Израел.
Ослободувањето ќе се одвива во две фази, со повеќе фази во секое ниво.
Во првата фаза, Израел ќе ослободи 150 палестински затвореници откако 50 заложници ќе бидат вратени во Израел. Ова ќе се одвива во четири фази, при што во секоја фаза ќе бидат ослободени најмалку 10 заложници.
- Првиот дел ќе трае четири дена во кои ќе има пауза во борбите, се вели во одлуката.
Во втората фаза, Израел ќе ослободи „до“ дополнителни 150 палестински затвореници доколку „до“ 50 дополнителни заложници бидат вратени во Израел. Се вели дека истиот однос на палестинските затвореници и израелските заложници од првиот дел ќе продолжи, при што секоја дополнителна фаза ќе содржи ослободување на најмалку 10 заложници.
- За секое дополнително ослободување на 10 заложници ќе има дополнителна пауза во борбите од 24 часа, се вели во одлуката.
Повторно, во втората фаза, затворениците ќе бидат ослободени само откако заложниците ќе се вратат во Израел.
Во соопштението се вели дека „веднаш по завршувањето на паузата во борбите потребна за да се обезбеди ослободување на заложниците, борбите ќе продолжат во Појасот Газа со цел да се уништат воените и организациски капацитети на Хамас и палестинскиот Исламски џихад во Газа и да се создадат услови за враќање на сите заложници“.
Одлуката го овластува воениот кабинет на премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и министерот Бени Ганц да одлучуваат за идентитетот на затворениците што ќе бидат ослободени во секоја фаза, земени од дадената листа.
Тие се исто така овластени да го одредат времето на секоја фаза.
Дополнително, тие можат да одлучуваат и за крајот на фазите, а целата размена и пауза во борбите е ограничена на најмногу десет дена од завршувањето на првата фаза, се вели во одлуката.
Сите палестински затвореници на списокот кои нема да бидат ослободени до крајот на размената нема да бидат ослободени, се вели во одлуката.
По објавувањето на имињата на палестинските затвореници, израелската јавност доби 24 часа да поднесе жалба до Високиот суд против договорот или ослободувањето на конкретни затвореници.
Ново на Сител
-
Во Мексико се одржуваат првите избори за судии
-
Реновирано одделението за систематски преглед во рамки на Институтот за јавно здравје
-
Николоски: Интензивно се работи на три автопатски делници | ВИДЕО
-
Приведена 19-годишна од Гостивар, во возилото е пронајден пиштол
-
Приведен 68-годишен скопјанец, физички ги нападал поранешната сопруга и нејзиниот син
-
Педесет проценти од царините ќе бидат усогласени со Европскиот царински тарифник почнувајќи од 1 јули
-
Денес и вчера приведени 8 возачи за безобѕирно управување со моторно возило
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени