Македонија
9. February 2018 - 14:53

Изнајмил комби и не го вратил

Лицето А.Р. (33) од Радовиш изнајмило во Скопје патничко моторно возило „Мерцедес Вито-113“ (комби), а потоа не одговорало на повици и не го вратило. 

Како што информира МВР, случајот вчера во Полициската станица Аеродром го пријавил Љ.К.(55). Изнајмувањето на комбито се случило во неговата канцеларија, во фирма лоцирана на улицата „Февруарски поход“. А.Р.(33) побарал да изнајми поголемо возило за период од 2 до 7 февруари 2018 година за да патува во Софија и назад, по што склучиле договор.

А.Р. се стекнал со противправна имотна корист од 950.000 денари. Полицијата работи на расчистување на случајот.