Бизнис
21. April 2023 - 11:14

Изминатото деноноќие произведени 10.547 мегават часови електрична енергија

АД ЕСМ вчера произведe 10.547 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.

Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти.

Како што информираат од владината прес-служба, во термоелектраните произведени се 7.989 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.558 мегават часови електрична енергија.

Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 мегават часови електрична енергија.