Изминатите 24 часа издадени 830 потврди за барање азил
Во изминатото деноноќие МВР издало потврди на вкупно 830 странски државјани, од кои 376 се од машки пол, 169 се од женски и 285 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан - 424, Сирија - 320 и Ирак - 86.
Во периодот од 1 до 10 јануари на полноќ издадени се потврди на вкупно 18.712 странски државјани, од кои 7.838 се од машки пол, 3.958 се од женски, 6.841 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 75 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-7.904, Авганистан-6.990 и Ирак-3.818.
Во изминатите 24 часа до Секторот за азил се поднесени две барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил на две малолетни лица од Авганистан и Сирија.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар