Македонија
5. September 2016 - 14:42

Изминатата недела 1.160 граѓани побарале помош на линијата „Ало докторе“

Медицински совети за кардиоваскуларни и респираторни заболувања, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и алергиски реакции побарале граѓаните во текот на изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“.

Во овој период од седум дена се остварени 1.160 повици.  

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето, а вкупно 25 доктори се достапни за медицински совет.

- На линијата Ало докторе! често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата која редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок, информираат од Здравствениот дом Скопје.

Од почетокот на отворање на телефонската линија на 15 септември 2014 година досега реализирани се вкупно 111.561 повици.