Измина рокот што српските студенти им го дадоа на властите, продолжуваат блокадите во Белград
Студентите од Белград, со поддршка на нивни колеги кои допатуваа од Нови Сад нешто пред пладне одбројуваа до истекот на рокот што го дадоа на Министерството за државна управа и локална самоуправа за да одговори на нивните барања, меѓу кои и увид во Избирачкиот список.
Почнувајќи од 11 часот, властите имаа рок еден час да одговорат на барањето.
– Барањето го поднесовме како совесни граѓани, а не како политички опции, здруженија или нешто слично, велат студентите кои бараат увид во избирачкиот список и имаат други барања поврзани со изборни нерегуларности.
Тие рекоа дека ќе го блокираат влезот и излезот од Министерството „додека не ја наполниме оваа улица“.
– Следната точка (за блокадата) ќе ја објавиме овде, на ист начин, кога ќе се соберат доволно луѓе да се поделат во две колони, а потоа секој ќе може да избере до која точка да оди“, велат студентите насобрани пред Министерството.
Претходно, група од 345 наставници и соработници на Универзитетот во Белград испратија поддршка за студентските протести.
„Кој краде избори, ја краде иднината. Фалсификување избирачки списоци, пријавување нелегални живеалишта и изборен инженеринг се скандалозен обид на властите уште еднаш да ни ја одземат државата, но овој пат многу повеќе – нашиот здрав разум и последните остатоци од самопочитување“, се наведува во соопштението упатено до медиумите
Ново на Сител
-
Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен
-
Обемен струк значи поголема опасност од рак
-
„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“ паметни телефони
-
70 годишен кумановец натепал помлад сограѓанин пред казино
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква