Измените на Законот за здравствено осигурување во натамошна постапка во Собранието
Собраниската Комисија за здравство на денешната седница констатира дека Предлог-законот за изменување на Законот за здравствено осигурување по скратена постапка може да се проследи на натамошна постапка во Собранието.
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски рече дека со Предлог-законот се предвидува усогласување со Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување во делот на осигурениците кои остваруваат приходи од договори, авторски договори или други приходи.
Според него, станува збор за усогласување со Законот според кој, од 1 август се укинуваат придонесите за хонорарците.
Претседавачот на Комисијата, Зоран Ѓорѓиевски рече дека потребата од донесување на Предлог-законот за изменување на Законот за здравствено осигурување по скратена постапка се укажала и поради тоа што со досегашните мерки на Владата, во Министерството за здравство направена е трансформација на работниот однос на 1.940 лица кои по основ на договори на дело, хонорари, волонтерска работа се примени. Проценка е, нагласи тој, дека до септември 2016 година кога треба да заврши трансформацијата, околу 3.000 луѓе ќе бидат вработени во редовен работен однос.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари