Македонија
13. September 2016 - 20:06

Изменет времениот режим на сообраќајот на делницата Велес - Катланово

Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека денеска е извршена времена измена на режимот на сообраќај на делницата Велес - Катланово непосредно пред тунелот Стража, на магистралниот пат А1.

Затворена за сообраќај е левата лента, сообраќајот се одвива по десната лента додека во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента.

Обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот е во согласност со барањето од Синтек-Скопје и одобрението од Министерството за транспорт и врски за времена измена на сообраќајот со времено поставена сообраќајна сигнализација, соопшти АМСМ.