Македонија
3. May 2017 - 13:14

Измамени старци во Битола, Романци им ги зеле парите за џабе

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.С.Б. (21) и Б.Г. (44), двајцата од Романија, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“ од кои едно во обид.
 
На 24. април годинава, на различни локации во Битола, пријавените нуделе на продажба кујнски садови и прибор за јадење, убедувајки две лица на возраст од 86 години дека се позлатени, за што во кутиите имало сертификати.
 
На таков начин успеале од едно од лицата да добијат 450 евра, а од другото лице добиле 100 австралиски долари и 8.000 денари.
 
На 28.04.2017 година пријавените повторно се обиделе да го измамат прво оштетениот, по што тој ги пријавил во СВР Битола.
 
Од страна на Основен Суд Битола на пријавените им е изречена казна три месеци затвор, условно за две години и конфискација на 34.000 денари и 100 австралиски долари.