Македонија
29. August 2017 - 8:20

Изложба за археолошкиот локалитет Говрлево

Изложба „Скопје пред 8 милениуми_1: Најстарите градители од Церје – Говрлево“ вечер ќе биде отворена во Музеј на Град Скопје.

Преку повеќе паноа со илустрации и други музејски експонати на изложбата ќе биде претставена архитектурата од овој значаен неолитски локалитет.

За оваа пригода е изготвен и каталог во кој свое место имаат пет труда поврзани со темата на изложбата. 

Изложбата ќе биде отворена до 13 септември годинава.