Изложба со дела од 53.Меѓународна струмичка ликовна колонија
Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на новосоздадени дела од 53.Меѓународна струмичка ликовна колонија.
Дваесет и еден автор од Македонија, Русија, Полска, Германија, Бугарија и Србија создадоа 60 дела во различни техники - скулптура, мозаик, графика, масло и акрил на платно, кои од вечерва, па наредните 20 дена ќе бидат поставени во струмичкиот изложбен простор.
- Во Македонија постојат многу ликовни колонии, но струмичката ликовна колонија се разликува по многу работи. Струмичката ликовна колонија нуди многу можности, покрај сликарството, вајарството, графиката и мозаикот кој веќе 23 години се работи во посебно студио и досега се создадени преку 70 мозаици. Ние сме единствена колонија во Македонија во која се негува оваа ликовна дисциплина. По изложбата во Струмица, делата ќе ги претставиме во повеќе центри за култура низ Македонија, вели директорот на колонијата, академскиот сликар Александар Филев.
Струмичката ликовна колонија официјално беше отворена на 2 август годинава и траеше 12 дена. На неа учествуваа ликовните уметници Кшистоф Бартник од Полска, Клаудија Јаворска-Полска, Марија Алексиќ-Србија, Елена Березинаја-Русија, Бети Јовановска-Македонија, Андријана Мациев-Македонија, Тодор Тодоров-Бугарија, Тодор Јованоски-Србија, Милош Стаменковиќ-Македонија, Катерина Таневска-Македонија, Новица Трајковски-Македонија, Глигор Васков-Македонија, Бошкилов-Бугарија, Васе Алачев-Македонија, Александар Филев-Македонија, Марјан Ѕингаров-Македонија, Армин Линд-Германија, Гоце Божурски-Македонија, Ѓорги Томоски-Македонија и Газанфер Бајрам од Македонија.
Изложбата на новосоздадените дела традиционално се отвора на 11 септември, Денот на ослободувањето на Струмица.
Ново на Сител
-
Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите