Изложба на јапонски графики во Кавадарци
Изложба на јапонски графики од правецот „укијое”, насловена „Јапонскиот лебдечки свет”, синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. На изложбата се претставија 28 графики од најпознатите мајстори на дрворези од 17 и 18 век.
-Тие на своите графики претставуваат убави жени, портрети на воини, сумо борачи и слично. Покрај убавината на лицето, тие ја сликаат и мекоста на телото, нежноста на кожата, бидејќи различен вид на импресии. Изложбата дава можност за голем број информации и запознавање одблизу со оваа уметност која припаѓа во редот на светско културно наследство, рече Весна Ѓорѓиева, директор на музејот.
Изложбата е реализирана во соработка со кавадаречката локална самоуправа, Музеј на Град Скопје, Македонско-јапонското друштво за пријателство и соработка од Скопје и Амбасадата на Јапонија.
Автор на проектот и куратор на изложбата е Јасминка Намичева, архитект, кустос-советник во Музеј на Град Скопје. Таа рече дека кавадаречката музеј галерија е член на мрежата за вмрежување на музеите и изложбата е плод на таа соработка. Најави и други изложби во иднина. Намичева појасни дека оваа уметност почнала да се развива во почетокот на 14 век, како предвесник на европската плакатна уметност. Се работи за една префинета филозофија на живот.
-Мајсторите на оваа уметност исклучително многу внимание обрнувале на сликање на актерите од Кабуки театарот. Иако тука ги гледате претставени како грациозни жени во женски костими, во тој театар по правило играле само машки глумци. Тоа е една голема вештина на претставување на еден малку поинаков свет, нагласи Намичева.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица