Изложба на графики на Дијана Томиќ Радевска
Во галеријата „Борко Лазески“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп денеска ќе биде отворена изложба на Дијана Томиќ Радевска, која ќе се претстави со 60 графики.
Со отворањето на изложбата ќе профункционира новата ликовна галерија во Центарот за култура која името го доби по еден од основоположниците на македонското современо сликарство Борко Лазески, кој пред 20 години во Центарот насликал мурал.
Новата галерија има три галериски простори преку кои ќе се презентира ликовната уметност во Прилеп.
Дијана Томиќ Радевска е родена во Скопје во 1961 година. Дипломирала во 1984 година на одделот графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Работи графика, инсталации, видео и дизајн. Член е и основач на групата Круг. Има свои самостојни изложби во Македонија и странство и добитник е на многу награди.
Ново на Сител
-
Раст на невработеноста во ЕУ на месечно ниво
-
Извлечени плеј-оф двојките за осминафиналето на ЛШ: Реал против Сити, Баерн игра со Селтик
-
Тошковски: Загинувањето на Фросина не е само несреќа, туку резултат на пропусти во системот
-
„Врските не враќаат човечки живот“, почна протестот на Партизанска за загинатата Фросина | ФОТО
-
„Утеха ни на небо ни на земја, животот уште незапочнат најсвирепо згаснат“, емотивен статус на таткото на Фросина
-
Парното поскапува просечно за 100 денари
-
Свекор полово ја вознемирувал 31-годишната снаа од Косово
-
Маркетите и трговските центри низ Хрватска празни, во тек голем бојкот