-->
-->
Излезноста до десет часот во Кавадарци 14.8, Демир Капија 22.5 и Росоман 10.7 проценти
-->
Од 32.706 кавадарчани со право на глас, до десет часот гласале 14.8 проценти од избирачите, информираше претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов. Се гласа на 60 избирачки места во Кавадарци.
Претседателката на Општинска комисија Демир Капија, Стојна Топчиева, информираше дека вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а до десет часот имаат гласано 22.5 отсто од нив. Своето уставно право на глас демиркапијци можат да си го остварат на 11 избирачки места.
Според Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската општинска изборна комисија, во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а росоманци можат да избираат на десет изборни места. До десет часот, излезноста е 10.7 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови