Излезноста до 17 часот во Кавадарци 65,94 - Демир Капија 76,59 и Росоман 66,4 проценти
Од 32.706 кавадарчани со право на глас, до седумнаесет часот гласале 65,94 проценти од избирачите, или за околу шест проценти повеќе од истиот период во првиот круг, информираше претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов. Се гласа на 60 избирачки места во Кавадарци.
Стојна Топчиева, претседател на Општинска комисија Демир Капија, информираше дека вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а до 17 часот имаат гласано 76,59 отсто од нив. Или, за околу пет отсто повеќе излезност од првиот круг во истото време. Своето уставно право на глас жителите на Демир Капија можат да си го остварат на 11 избирачки места.
Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската општинска изборна комисија, соопшти дека во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а росоманци можат да избираат на десет изборни места. До седумнаесет часот, излезноста е 66,4 проценти, повеќе од излезноста во тој термин од првиот круг.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Ден на борбата со ракот
-
Зголемен број претставки кај народниот правобранител во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
70 телефони конфискувани во еден ден во затворот Шутка
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла