Македонија
31. October 2021 - 13:51

Излезност од 44,41 проценти до 13 часот во Демир Капија

Во Демир Капија до 13 часот во вториот круг на локалните избори излезноста изнесува 44,41 проценти, информираше за МИА претседателот на Општинската изборна комисија, Благој Јовановски. Во Општина Демир Капија бројот на лица со право на глас на изборите е 3 163, а се гласа на 11 избирачки места.