Македонија
30. September 2018 - 13:14

Излезеноста во Крива Паланка до 11 часот 13 во Ранковце 7.24 проценти

Излезеноста на граѓаните за референдумот до 11 часот во Крива Паланка е 13 отсто, а во Ранковце избирачкото право го оствариле 7.24 отсто од граѓаните.

- Гласањето се одвива нормално и без проблеми на сите 47 избирачки места во општина Крива Паланка, а излезеноста на последната контрола, пресекот во 11 часот изнесува 13 отсто, информира Душко Арсовски, престседател на ОИК, Крива Паланка.

Во општина Ранковце до 11 часот , според информациите од ОИК, гласале 240 граѓани или 7.24 проценти од вкупнито број регистрирани гласачи.