-->
-->
Излета возило на автопат, едно лице тешко повредено
-->
Денеска, околу 19 часот, на автопатот Тетово-Гостивар тешко е повреден жител на Жетовјане, откако излетал со возилото од коловозната лента. Инцидентот се случил кај клучката за Жеровјане, а при тоа возилото удрило во бетонски столб.
– Патничко моторно возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.А.(49) од Жеровјане изгубило контрола и излетало од коловоз. Во несреќата, возачот И.А., кој бил сам во возилото, здобил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата увид врши екипа од СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
За да се извлече повредениот од возилото биле повикани пожарникари од Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости