-->
-->
Изгубил невиност на возраст од 44 години - Претходно имал секс со...
-->

Мухамед Абад од Единбург ги загубил гениталиите кога имал шест години. Прв пат имал секс на 44 години, благодарение на вештачки пенис. По речиси 100 операции, овој Британец минатата година добил протеза која е речиси идентична на пенис и функционира. Протезата вредна околу 90.000 евра ја испробал со својата сексуален терапевт Шарлот Роуз (35).
Сега ми падна голем товар од грбот
- Беше прекрасно, тоа го чекав од своите 18 години. Сега ми падна голем товар од грбот, Среќен сум, - вели Мухамед кој ги загубил гениталиите во сообраќајна несреќа.
Шарлот Роуз слушнала за необичната приказна на Мухамед, се сретнале во хотел во Лондон, разговарале се запознале, а потоа започнале со „работа“.
- Кога Шарлот, прв пат го виде мојот пенис беше сосема мирна, па малку се загрижив. Подоцна рече дека е неверојатен. Убаво е кога жена ќе го каже тоа. Кога завршивме, лежев на креветот со голема насмевка на лицето, - вели Мухамед.
Не му наплатила: И било голема чест
Шарлот вообичаено наплаќа по 200 евра за еден час. Но на Мухамед не му наплатила ништо.
Ми беше чест. Тоа е нешто кое ќе го паметам целиот живот, - рекла Шарлот, која додала дека издржливоста на Мухамед за време на сексот била импресивна.
Мухамед сега сака да стане татко. И тоа е можно со овој пенис, бидејќи има две цефки кои се активираат со копче.
- Кога сакам да имам секс го вклучувам пенисот, кога завршувам го исклучувам. Тоа трае неколку секунди, - вели Абад, кој се надева дека наскоро ќе има среќна врска, пишува Дејли Меил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати